fbpx

Рангелова: Заев бегаше од избори зашто има страв од народот

-

„Со објавувањето на списокот на гласачи кои СДСМ ги прогласи за спорни, излегоа на виделина сите лаги со кои аболираниот Зоран Заев и неговите сопартијци со месеци ја манипулираа јавноста. Народот виде дека нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми, ниту 200.000. Има само 40.000 гласачи кои се спорни за Заев и за неговите сопартијци“, изјави на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

– Со објавувањето на списокот на спорни гласачи, граѓаните видоа дека не постоела никаква објективна причина за бегањето на Заев од избори. Единствената причина поради која Заев одбиваше да излезе на соочување на избори е чисто од психолошка природа. Заев има страв од македонскиот народ. Овој страв е огромен и оправдан. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани чие право на глас е оспорено од СДСМ и од Зоран Заев да ја искористат можноста и да се пријават во Државната изборна комисија, подрачните единици или, пак, да ја искористат апликацијата што им стои на располагање. Гневот кон СДСМ кој го имаат овие 40.000 граѓани кои беа оспорени, не смее да биде поголем од желбата да се задржи највисокото демократско право да се одлучува за сопствената иднина – вели Рангелова.

Таа соопшти дека од ВМРО-ДПМНЕ се сигурни дека и оваа манипулација на СДСМ, како и сите други, ќе падне во вода и ќе се види дека најголемиот дел од 40.000 граѓани ќе се регистрираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...