fbpx

Рама за средбата со Заев: Нова страница во односите на двата народа

-

Премиерот Зоран Заев денеска во Трст имаше средба со својот албански колега, Еди Рама, кој и таму се појави во костум и со патики.

На „Твитер“ профилот, премиерот Заев за средбата со Рама напиша „Споделуваме заедничка визија за евро-атланска иднина на Република Македонија и Република Албанија“.

Албанскиот премиер на својата официјална страница на „Фејсбук“ објави видеоснимка од почетокот на средбата и напиша дека било разговарано за зајакнување на добрососедството и за соработката меѓу двете земји, но и за подобрување на меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците во Македонија, преку носење соодветни закони.

„Во Трст со премиерот Зоран Заев, зборувавме за зајакнување на пријателството и продлабочување на севкупната соработка меѓу двете наши земји. Новата страница во меѓусебните односи меѓу двата државотворни народи, што ја вети премиерот Зоран Заев, треба да се испише со конкретни дела за сите Албанци кои живеат во нашата соседна држава“, напиша Рама.

На средбата присуствуваа министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Никола Димитров и Дитмир Бушати, како и Дане Танески, советник во Владата на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...