fbpx

Рама: „Тиранската платформа“ е мит креиран од политичарите

-

„Тиранската платформа“ е мит креиран од македонските политичари со лош вкус, а Европа ќе доживее кошмар ако Балканот полуди поради одложувањето на ЕУ-агендата и стане сива зона во која други „актери“ ќе имаат поголемо влијание од ЕУ, порачува албанскиот премиер Еди Рама во интервју за европското издание на влијателниот американска магазин „Политико“.

Рама порачува дека не е за обединување на Албанија со Косово, но дека и тоа не е исклучено ако ЕУ-интеграциите на регионот останат на сегашното ниво, зашто, како што вели, „никој не сака мали унии и сите сакаат да се обединат во голема унија“, како и дека „ако нема надеж, нема перспектива, нема простор, се разбира, може да се случат и мали унии“.

Истовремено, тој ја брани платформата на албанските партии во Македонија и вели дека тој само ја потпомогнал средбата на албанските партии од Македонија и не се обидувал да се меша во внатрешните работи на Македонија.

– Има мит создаден во Скопје за политички цели дека албанските партии следат платформа напишана во Тирана. Тоа е лага, мит, креиран од политиката со многу лош вкус. Нападот на платформата е опасен, бидејќи тоа е политика која разгорува поделби, а не заедништво… Последната работа што ѝ е потребна на Македонија, последна работа што на сите ни е потребна, би била разгорување на меѓуетнички конфликт бидејќи овие работи тешко се контролираат – вели Рама за „Политико“.

Албанскиот премиер додава дека Албанците во Македонија имаат „целосно право да бараат еднаквост со нивните македонски браќа“, а платформата бара права и слободи кои се запишани во Охридскиот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...