fbpx

Рама: Односите меѓу Албанија и Србија се променети на подобро

-

Еди Рама, премиерот на Албанија, синоќа во Белград го промовираше српското издание на книгата „Жртвување“.

Тој вчера оцени дека изминатите две години, колку што поминале од неговата последна посета во Белград, односите меѓу двете држави се променети на подобро.

– Работите се променети. Се сеќавам на изразот на лицето на вашиот премиер пред две години, кога го споменав Косово. Мислев дека ќе умре пред мене – изјави Рама, додавајќи дека Вучиќ и тој и денеска имаат различни ставови, но подобро размислуваат.

На промоцијата на која присуствуваа голем број јавни личности, меѓу кои и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, Рама рече дека состојбата на Албанците на југот на Србија е денес подобар и дека ова е првпат тој од нив да слушне дека имаат јасни знаци дека нивните ветувања ќе бидат исполнети.

Посетата на Рама на Србија продолжува денеска во Ниш, каде заедно со Вучиќ ќе учествува на првиот албанско-српски бизнис-форум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...