fbpx

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

-

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“.

– На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури за претстојните избори. Понудивме и регулатива што ќе гарантира употреба на државните структури во текот на предизборната кампања. Не може да се бара техничка влада по урнекот на земји каде институциите се контролирани од  сили кои се против ЕУ и НАТО – рече Рама.

Љуљзим Баша, пак, вчера порача дека Демократската партија понудила сè што може да се понуди во преговорите и кажа дека вчеравечер Рама ги одбил дури предлозите што изминатава седмица Демократската партија ги поднела пред претставникот на Европската народна партија.

Баша повторно го изнесе своето барање за техничка влада што би расчистила со криминалците во политиката и би се борела со производството и со трговијата со дрога во земјата. Посочувајќи дека тоа не е барање само на Демократската партија, туку и на народот, Баша предупреди дека „пред Рама сега стои нескршливоста на сите чесни Албанци кои решија да кажат стоп на ароганцијата, стоп на криминалот, стоп на дрогата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....