fbpx

Рама најави економска поддршка на Албанците од југот на Србија

-

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Белград се сретна со албанските политички лидери од југот на Србија и најави поддршка за економскиот развој на Прешево и на Бујановац.

По состанокот Рама изјави дека ја поддржува идејата за збратимување на овие општини со општините во Албанија и за заедничко конкурирање за средствата од претпристапните фондови на Европската Унија. Тој рече дека неговиот план е економски да им се помогне на овие општини, но со поддршка од Белград.

Претседателот на партијата за демократско дејствување (ПДД), Риза Халими, кој учествуваше на состанокот, изјави дека со Рама разговарале за „актуелните проблеми на Албанците во Прешевската Долина и воопшто во Србија“, како што е недостигот од учебници на албански јазик и проблемот со нострификацијата на дипломите од Косово.

Претседателката на Собранието на општината Прешево, Ардита Синани, рече дека „Албанците од Прешевската Долина имаат особено конкретни очекувања од српско-албанскиот деловен форум“, кој треба да се одржи утре во Ниш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...