fbpx

Рама: Ќе продолжам да ги бранам Албанците во Македонија

-

Албанскиот премиер Еди Рама за албанските медиуми изјави дека ќе продолжи да ги брани Aлбанците во Македонија. Како што пишуваат медиумите во соседната земја, тој така одговори на обвинувањата што му ги упати Руската амбасада во Македонија за изјавата дека благодарение на неговата партија е усвоен Законот за употреба на јазиците во Македонија.

Рама вели и дека се гордее кога го обвинуваат за заштита на Албанците.

– Ние немаме скриени агенди. Нашите агенди се јавни и тоа ја крева температурата на нашите соседи, а нашата надворешна политика е достоинствена, без оглед што сме мала земја, бидејќи на маса сме рамноправни – вели Рама.

Во врска со одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, Рама вели дека не е изненаден.

-Би бил изненаден ако тој го потпишеше Законот. Но тоа нема да го спречи усвојувањето на тој закон – истакнува Рама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...