fbpx

Рама го разреши министерот за правда на Албанија и именуваше нов

-

Албанскиот премиер Еди Рама денеска официјално за нов министер за правда го именуваше Петрит Васили, на местото на досегашниот министер, Или Мањани, кого претходно го разреши од функцијата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Одлуката на Рама доаѓа по неговата средба со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета.

Засега нема официјални информации за причините за смената на Мањани и за назначувањето нов министер за правда на Албанија. Сепак, во политичките кругови во Албанија се шират шпекулации за наводен расцеп во актуелната владина коалиција меѓу Социјалистичката партија, чиј лидер е Еди Рама, и Социјалистичкото движење за интеграции.

Изминатиов период имаше чести конфронтации меѓу министирите во владата кои доаѓаат од редовите на двете партии.

Разрешениот Или Мањани беше именуван за министер за правда кон крајот на 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...