fbpx

Раководството на СДСМ и шпанскиот амбасадор разговараа за политичката криза

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска со шпанскиот амбасадор во Македонија, Рамон Абароа Каранза, разговараа за политичката криза во земјава, како и за можните излезни решенија.

Како што се наведува во соопштението од СДСМ, Заев на средбата рекол дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ и на другите релевантни меѓународни организации, за злоупотреби за време на изборни процеси, за постоење селективна правда, за владина контрола врз медиумите, за партизација и за приватизација на институциите во Македонија од Никола Груевски и од неколкумина негови соработници.

– Потребен е нов ветер за иднината на Република Македонија. Објавувањето на „Вистината за Македонија“ потврди дека првите луѓе на судството и на обвинителството се под директна контрола на врвот на власта. Се потврди дека лошата состојба со медиумите е последица на воспоставената директна контролата на власта, која оди дотаму што се нарачуваат прилози во вестите. Тоа мора да го промениме и никогаш да не се повтори. Враќањето на слободата и на демократијата во нашата земја ја отвора таа можност, во интерес на сите граѓани – рече лидерот на СДСМ.

Заев, како што стои во соопштението, го повтори ставот на СДСМ дека преодна влада што ќе создаде услови за фер и за демократски изборен процес е излезно решение од длабоката политичка криза во која се наоѓа Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.