fbpx

Ракометарите на Вардар ја победија Барселона и ќе играат финале во Лигата на шампиони

-

Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Барселона со резултат 26:25 (полувреме 13:12) и ќе играат за шампионската титула на завршниот финален турнир од Лигата на шампионите, што се одржува во Келн.

Победата на Вардар му ја донесе Лука Циндриќ со гол во последните секунди во драматичната завршница од натпреварот.

Најефикасни во победничкиот тим беа Алекс Душебаев и Иван Чупиќ со 7 гола, Вуко Борозан постигна пет, Циндриќ – четири, додека голманот Арпад Штербик беше одличен на голот со 15 одбрани.

За Барселона настапија македонските репрезентативци Кире Лазаров, кој беше најефикасен со шест гола, и голманот Борко Ристевски, кој доби шанса да брани само удари од седум метри.

Вардар за шампионискиот трофеј ќе се бори со тимот на Пари Сен Жермен, кој во првото полуфинале го совлада унгарски Веспрем со 27 – 26.

Финалето е закажано за утре од 18 часот, а дуелот за третото место е во 15.15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...