fbpx

Раиконен сака побрза и поопасна Формула 1

-

Возачот во Ф1-тимот на Ферари, Кими Раиконен, смета дека натпреварувањата во Формула 1 треба да бидат „малку побрази и поопасни“, за овој спорт повторно да стане интресен и атрактивен за публиката, пренесува „Автоспорт.ком“.

„Кога првпат дојдов во Ф1, овој спорт беше многу повозбудлив за сите“, рекол Раиконен во интервју со Жан Алези на „Канал плус“.

Финецот смета дека нешто мора да се направи за гледањето Ф1 „да биде повозбудливо“ и дека мора „да се цени брзината“.

„Тоа е дел од играта. Ние не сакаме да видиме никого повреден, но опасноста ги прави работите малку повозбудливи“, рекол Раиконен.

Иако не е првпат Раиконен да искаже несогласувања со одредни аспекти на Формула 1, тој сепак ужива во времето што го поминува во тимот на Ферари.

Останува да се види дали ледениот Финец ќе вози за тимот на Ферари и наредната сезона. Според договорот што го има со италијанскиот тим, тој може да ја продолжи соработката и во 2016 година, доколку на тоа се согласат двете страни.

„Има многу добри тимови во Ф1, но Ферари е поинаков од сите“, рекол Раиконен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...