fbpx

Рахој побара суспендирање на каталонската влада и предвремени избори во покраината

-

Шпанската влада на денешната вонредна седница донела одлука за распуштање на каталонската влада и за одржување на вонредни избори во покраината, соопшти по седницата шпанскиот премиер, Маријано Рахој.

Тој изјави дека владата во Мадрид не сакала, но била принудена да го примени членот 155 од уставот на Шпанија, поради однесувањето на каталонските власти со иницијативата за прогласување независност на покраината.

Рахој изјави дека не се укинува автономијата на Каталонија, туку дека само се суспендира покраинската влада и се „отстрануваат локалните функционери, кои го прекршија законот“.

Шпанскиот премиер рече дека бара дозвола да го распушти каталонскиот парламент и да распише предвремени избори во регионот, во рок од шест месеци.

Активирањето на членот 155 од уставот, односно барањата на Рахој, мора да биде одобрено од горниот дом на шпанскиот Сенат пред одлуката да стапи на сила. Гласањето во Сенатот, според шпанските медиуми, се очекува да биде в петок, на 27 октомври.

Според членот 155, доколку регионална влада ги прекрши своите уставни обврски или постапува на начин кој сериозно го загрозува општиот интерес на Шпанија, официјален Мадрид може да преземе неопходни мерки со сила да ја натера (регионалната влада) на соработка или да го заштити општиот интерес.

Рахој изјави дека неговата влада презела мерки без преседан за да го зачува законскиот поредок, за да се обезбеди неутралноста на регионалните институции, да се гарантира зачувување на јавните сервиси и економските активности и да се зачуваат правата на сите граѓани.

Кризата во односите меѓу Барселона и Мадрид избувна по референдумот за независност на Каталонија, што се одржа на 1 октомври, кој уставниот суд на Шпанија претходно го забрани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...