fbpx

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

-

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не.

Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија.

Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил дека доколку шпанската влада одлучи да интервенира во врска со регионалните автономни овластувања, тој потег ќе биде протолкуван како знак дека Мадрид не е подготвен за преговори и Каталонија ќе биде обврзана да тргне кон својата независност.

Претседателот на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон, доцна синоќа ја потпиша декларацијата за прогласување независност на Каталонија, но го суспендираше нејзиното стапување на сила за да остави простор за дијалог со Мадрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...