fbpx

Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк, соопшти ААВМУ

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска соопшти дека првиот програмски сервис на „Македонско радио“ (Радио „Скопје“) и ТВ „Нова“ го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг од локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за поведување прекршочна постапка.

Според ААВМУ, во тек на изборниот молк, во емисија за земјоделците на Радио „Скопје“ биле емитувани изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ТВ „Нова“, според ААВМУ, на двапати, на 26 и 27 октомври, последни денови од надзорот на изборната кампања, ги прекршила лимитите за платено политичко рекламирање. ТВ „Нова“ емитувала повеќе од дозволените осум минути за платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма за политичките партии во опозиција.

ААВМУ најавува дека кон крајот на неделава ќе бидат објавени извештаите за начинот на известување на радиодифузерите за време на изборната кампања во вториот круг.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...