fbpx

Радев ќе бара ЕУ да се ангажира во Македонија, Борисов разговарал со Иванов, Груевски и со Заев

-

Бугарија ќе настојува ЕУ повеќе да се ангажира за Македонија и да има јасна перспектива за иднината на сите земји од Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, при посетата на авиобазата „Граф Игнатиево“, известуваат бугарските медиуми.

Радев порача дека решението за Македонија треба да се бара во рамките на ЕУ и на НАТО и рече оти претпоставува дека на утрешната средба на лидерите на членките на ЕУ ќе се постави и тоа прашање и нагласи дека случувањата на Македонија не придонесуваат за стабилноста на регионот.

– Тоа не е начин да се управува една држава. Недозволиво е парламентот да се претвора во борбен ринг – порачува Радев.

Во меѓувреме и мандатарот за состав на новата влада на Бугарија, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, порача оти е растревожен од случувањата во Македонија и се надева дека ќе се најде политички излез.

– Синоќа разговарав со претседателот на Македонија, на негово барање. Се јави Никола Груевски, а исто и Зоран Заев. Како и сите, и јас сум растревожен од тоа што се случува во Македонија. Многу внимателно, без никакво мешање во внатрешните работи, ги повикав сите да најдат политички излез од кризата. Таа тлееше со години – рече Борисов.

Тој вели дека емоциите на лидерите на партиите треба да бидат на второ место, затоа што зад нив има многу луѓе.

– Гледате дека омразата е голема. Се надевам дека ќе се најде политички излез и се залагам за тоа. Македонија ни е особено важна, треба да ја сочува целовитоста и да продолжи по патот на евроатлантските интеграции – порача лидерот на ГЕРБ.

Борисов вели дека ЕУ очекува Македонија да ги исполни критериумите и посочи дека целовитоста на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО се од животна важност за Бугарија.

-Ги повикувам да покажат разумност и да го направат тоа што е потребно за да се смири Македонија и тие да си ја завршат работата, оти сите во Европа чекаме тие да ги исполнат критериумите – порачува идниот премиер на Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...