fbpx

Работнички: Виновници за прекинот се судијата и делегатот

-

По синоќешното дерби од македонскиот кошаркарски шампионат, со соопштение се огласи и КК Работнички, од каде нагласуваат дека целосната вина за прекинот на мечот ја носи судиската тројка, на чело со Марјан Мицевски, како и самиот делегат.

Од „Градски парк“ истакнуваат дека официјалните лица потфрлиле во однос на избрзаното донесување на одлука за прекин на натпреварот, и дека со таквото однесување истите му нанеле штета на кошаркарскиот клуб Работнички, а воедно и на македонската кошарка. Кошаркарските натпревари се наменети пред сè за публиката, која заедно со играчите треба да биде во прв план, а не судиите и делегатите.

– Во врска со вчершните случувања за време на натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ, сакаме да појасниме дека целосната вина за вчерашниот прекин на натпреварот ја носи судиската тројка, на чело со Марјан Мицевски, како и самиот делегат. Сакаме да потенцираме дека Работнички бара еднаков третман со другите екипи и своите победи да ги извојува на терен, а не на зелената маса. Ние како кошаркарски клуб побаравме стриктно почитување на пропозициите по сите основи, со еднаков третман на двете екипи. За време на натпреварот атмосферата беше коректна, немаше никакви нарушувања од безбедносен аспект, а за цело време на натпреварот, како и за време на прекинот, играчите и тренерите се однесуваа коректно и спортски, како што и доликува за едно дерби. Работнички го интересира само кошарката, со јасна амбиција да продолжи со добрите игри и во фер и спортски дух да се бори да освои уште една титула. Во име и за добро на кошарката, се надеваме дека ќе имаме регуларно првенство во понатамошниот тек на натпреварувачката сезона – пишува во соопштението на Работнички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...