fbpx

Работилница во Тетово на тема „Улогата на жените во медиумите“

-

Во какви услови работат жените новинари, каде е нивното место и која е нивната улога. Ова беа централните теми на работилницата со наслов „Улогата на жените во медиумите“ што денеска, во организација на Француската алијанса во Тетово, се одржа во Центарот за балканска соработка „Лоја“.

– Жените новинари треба да се изборат за да имаат соодветни услови за работа. Тоа е најважно затоа што и во Франција не е многу подобра ситуацијата во тој поглед, но мора да признаам дека таму жените се борат – истакна Сесил Вреин од францускиот институт за новинарство.

Работилниците се можност професионалци да ја посетат Македонија и да ги споделат нивните искуства, истакнуваат организаторите. Денешната работилница е дел од циклусот дебати „Правото – овде и пошироко“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...