fbpx

Работата во Собранието – турни ме да кинисам, пратениците се бараат „со потерница“

-

Во анемична атмосфера, со мало учество во дискусиите и со повеќе празни отколку зафатени пратенички фотелји,  денеска пратениците во Собранието сработија многу малку од дневниот ред.

Иако се гласаше по неколку точки, за половината од нив немаше доволен број пратеници во салата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, трипати ги покануваше пратениците кои имаа пријавено учество на седницата, а не беа во собраниската сала, да седнат на своите фотелји и да учествуваат во работата, но тоа немаше ефект, па поради немање кворум, Џафери прогласи пауза до 15 часот.

Со само четворица пратеници кои учествуваа во дискусиите за некои точки, со многу малку гласови за предложените точки, Собранието едвај работеше. Народниците избраници останаа глуви и на неколкуте пребројувања од страна на собраниските служби, на предупредувањата од Џафери да влезат во салата и на барањата координаторите на пратеничките групи да ги повикаат веднаш да влезат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...