fbpx

Путин проговори за планот за анексијата на Крим

-

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека донел одлука за анексија на Крим на ноќен состанок во Кремљ откако поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, бил симнат од власт во февруари 2014 година.

– Кога се оддалечивме, на сите им реков: Мораме да почнеме да работиме на враќање на Крим кон Русија – рече Путин во најавата за документарниот филм на оваа тема, кој ќе се емитува на Руската државна телевизија.

Тоа е првпат Путин да открие детали од донесувањето одлука во Кремљ за Крим. Тој рекол дека состанокот со безбедносните претставници се одржал ноќта на 22 февруари.

Кримската проукраинска влада за четири дена беше заменета со проруска влада со помош на војници без ознаки, за кои подоцна е утврдено дека биле Руси.

Москва го прогласи тој дел од регионот за руски, два дена по референдумот одржан на 16 март, на кој 98 отсто од граѓаните се изјаснија за присоединување кон Русија. Украина и нејзините западни сојузници не ја признаа анексијата на Крим.

Путин подоцна изјави дека Крим засекогаш ќе остане дел од Русија.

Во промотивноиот видеозапис, објавен денеска, Путин, исто така, вели дека за време на состанокот, била договорена операција за спасување на Јанукович, кој е донесен во Русија „по копнен, морски и по воздушен пат“.

Јанукович побегна од Киев во источниот град Каркив и во Донецк на 22 февруари. Подоцна, преку Крим, успеал да стигне во Русија.

Засега не се знае кога документарецот ќе биде прикажан, а во најавата стои „наскоро“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...