fbpx

Путин: Прекинот на огнот во Украина почнува на 15 февруари

-

Постигнат е договор во Минск за од недела да запрат немирите во Украина, соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

– Верувам дека договоривме голема работа. Се договориме прекинот на огнот да почне точно на полноќ на 15 февруари – рече Путин.

Соопштението доаѓа по маратонските преговори во белорускиот главен град, меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија.

Компромисно решение е постигнато за линијата за повлекување, која беше најпроблематична точка од преговорите. Путин рече дека киевските сили ќе го повлечат тешкото оружје од сегашната фронтовска линија. Бунтовниците ќе се повлечат на линиите што ги држеа во септември, кога беше потпишан претходниот прекин на огнот.

Во договорот се повторуваат точките од претходното примирје, вклучувајќи ги и политичките реформи во Украина кои треба да им обезбедат специјален статус на бунтовничките провинции, рече Путин.

Со специјалниот статус, се бара Украина до крајот на 2015 година да усвои легислатива што ќе им обезбеди постојани привилегии на Луганск и на регионот Донецк, кои во моментов се самопрогласени републики.

Хуманитарните и економските проблеми, исто така, се споменати во спогодбата.

Рускиот претседател истакна дека условите за прекинот на огнот се наведени во документот, кој е потпишан од членови на таканаречената контакт-група, во која се вклучени претставници на бунтовничките сили, Киев, Русија и на ОБСЕ.
Путин истакна дека одбивањето на Киев да има директни преговори со самопрогласените републики Донецк и Луганск било причина што било потребно толку многу време за да се постигне договор.

Порошенко соопшти дека во договорот се наведува и размена на затвореници, која треба да биде извршена во следните 19 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...