fbpx

Путин побара Владата да спречи зголемување на цената на вотката

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од Владата да спречи зголемување на цената на вотката.

Путин на состанок со официјални претставници од Владата и со регионални гувернери рече дека високите цени на вотката охрабруваат продукција на нелегален алкохол што претставува поголем ризик за здравјето од легално произведениот.

– Претераните цени на вотка само водат кон пораст на консумирањето нелегален алкохол – нагласи Путин.

Минималната малопродажна цена на половина литар вотка е зголемена за околу 30 отсто од минатата година, на 220 рубљи (четири долари).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...