fbpx

Путин на претстојните претседателски во Русија избори ќе биде самостоен кандидат

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска на традиционалната годишна прес-конференција одговара на прашања на повеќе од 1.600 акредитирани новинари, а едно од прашањата беше и зошто се кандидира за претседател.

Путин истакна дека „митот за личната власт во Русија е преувеличен“ затоа што се занемарува фактот дека и Владата врши голема работа. Тој истакна дека на претстојните претседателски избори ќе биде самостоен кандидат, но дека очекува поддршка од партијата и од јавните организации.

Партијата Единствена Русија веќе соопшти дека ќе ја поддржи кандидатурата на Путин.

Тој додаде дека засега нема одредено кој ќе раководи со неговата предизборна кампања, но рече дека има предизборна програма.

– Кога говориме за опозицијата, важно е не само да се вика на плоштадите, туку и нешто да се предложи – рече Путин.

Според Путин, власта треба да се фокусира на зголемување на приходите на граѓаните, на развој на инфраструктурата и образованието. Тој вели дека во моментов актуелната власт нема конкуренција.
– Русија треба да гледа во иднината, политичкиот систем треба да биде цврст, а економијата да се гради врз база на високите технологии – рече Путин.

Прес-конференцијата се уште е во тек, а имајќи предвид дека за неа се акредитирани 1.640 новинари се очекува да трае од три до четири часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...