fbpx

Путин лани заработил двојно повеќе, но многу помалку од соработниците

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин, пријавил дека минатата година заработил 7.654.000,42 рубли (138.554 евра), двојно повеќе во споредба со 2013 година, кога заработил 3.672.208 рубли (66.474,80 евра). Сепак, тоа не е ни приближно со сумата на неговиот најплатен соработник, кој заработува 11 пати повеќе од него.

Кремљ ги објави имотните листови на највисоките функционери, а според нив, вториот човек на Русија, премиерот Дмитриј Медведев, минатата година заработил повеќе од својот шеф – 8.051.573 рубли (145.750,66 евра).

Што се однесува до имотот, кај Путин од претходната година ништо не се сменило. Тој и понатаму поседува два стана, гаража, паркинг-простор, два автомобила, една нива, приколка и градежна парцела.

Медведев од имот пријавил стан, плац закупен на 49 години и два олдтајмер-автомобили.

Сепак, Путин и Медведев не се ни близу до тројцата Руси што најмногу заработуваат.
Олег Бјелавенјев, претседателски претставник за Кримскиот федерален округ, минатата година заработил околу 80 милиони рубли (1.448.170,79 евра). Втор според заработката е заменик-шефот на администрацијата, Вјацеслав Володин, со 62,9 милиони рубли (1.138.624,28 евра), а трет е секретарот на Советот за безбедност, Николај Петрушјев, со 39,8 милиони рубли (720.464,97 евра).

Шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов, минатата година заработил 16,2 милиони рубли (293.254,58), многу повеќе во споредба со 2013 година, кога заработил пет милиони рубли, односно 90.510,67 евра.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, минатата година заработил исто колку и во 2012 година – 9.184.000 рубли (166.250 евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...