Рускиот претседател Владимир Путин го посети миланскиот „Експо“, каде обожавателите го пречекаа со аплаузи и со вресоци.
Сепак, тоа што го привлече вниманието на медиумите, е бакнежот кој рускиот претседател им го испрати на обожавателките.
Во стилот на филмските и на музичките ѕвезди, Путин, со насмевка на лице, мавтајќи им, им пратил бакнеж, а потоа се упатил на ручек со италијанскиот премиер Матео Рензи.