!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Путин го поддржуваат 84 отсто од Русите


       
Москва, 7 септември, 2017 - 16:40 (META) 

Рускиот центар за истражување на јавното мислење соопшти дека повеќе од 84 отсто од испитаните Руси ја поддржуваат работата на претседателот Владимир Путин, додека тие што се задоволни од премиерот Дмитриј Медведев се нешто повеќе од 53 отсто.

Рејтингот на Путин во август изнесуваше 83,5 отсто, а во периодот од 28 август до 3 септември – 84,4 отсто, соопшти еден од истражувачите.

Оценките за работата на премиерот варираат. Просечната бројка за август и за почетокот на септември за премиерот е 53,3 отсто, а за владата 57,4 отсто.

Со работата на долниот дом на Државната дума се задоволни 51 отсто од испитаниците, додека за горниот дом позитивно се изјасниле 57,7 отсто од учесниците на истражувањето.

Агенцијата ТАСС наведува дека 50,1 отсто од Русите го сметаат Путин за најкредибилен руски политичар, а веднаш зад него се Сергеј Шојгу со 16,7 отсто и премиерот Медведев со 15,5 отсто.