fbpx

Путин денеска во Белград со огромно обезбедување

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го посети Белград. Тој треба да допатува на пладне, по што ќе има средби со државниот врв на Србија, свечен прием, а исто така ќе се обрати на граѓаните пред катедралниот храм „Свети Сава“ на Врачар, каде се очекува да присуствуваат околу 70.000 граѓани..

Жителите на Белград денеска ќе бидат под „посебен режим“ поради доаѓањето на претседателот. Најавени се огромни гужви, а токму поради тоа дел од граѓаните го користат јавниот превоз, или одат до своите работни места пеш. За безбедноста на шефот на руската држава ќе се ангажираат околу 7.000 српски полицајци и околу 250 припадници на руската ФСБ. Целата рута по која ќе се движи Путин со огромниот блиндиран луксузен автомобил „аурис“ ќе биде обезбедувана и до снајперисти. Српските власти наредија на улиците каде што ќе се движи Путин, станарите да ги затворат ролетните и да не излегуваат на терасите.

Авионот на Путин од Москва до Белград ќе го следат два борбени авиони, по што од српската граница придружба ќе бидат „мигови“ на српското воено воздухопловство.

Путин последен пат во Србија беше во 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...