fbpx

Пунктот пред „Веро Центар“ се затвора за донации, останува собирно место за волонтери

-

Пунктот пред „Веро Центар“ за собирање помош за настраданите од поплавата, од денеска се затвора за донации и во иднина ќе служи само како собирно место за волонтери кои ќе се упатуваат да помагаат на терен.

– Десет дена собиравме помош од граѓаните за настраданите и проценивме дека повеќе нема потреба. Луѓето во поплавените подрачја полека се враќаат во нормала, отворени се дел од продавниците каде што можат да си ги купат потребните производи – изјави Драган Додевски за „Мета“.

Тој е презадоволен од досегашниот одзив на луѓето и компаниите и вели дека сета помош била доставена до семејствата.

Пунктот пред „Веро Центар“ ќе биде собирно место за волонтерите, и според Додевски тие веќе ги мапирале социјално-загрозените семејства на кои им е потребна помош на терен.

– Од името на сите волонтери, сакам да искажам благодарност до сите граѓани, компании и организации кои се одважија на нашиот апел да помогнат на жителите од поплавените подрачја. Продолжуваме со работа на терен, им стоиме на располагање на сите, кои на било кој начин сакаат да се вклучат во санација на штетите предизвикани од поплавата – вели Додевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...