fbpx

Пукање на протестите во Портланд, едно лице повредено

-

Едно лице е рането денеска за време на протестите во Портланд против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека лицето е застрелано на мостот Морисон, по кој марширале демонстрантите.

„Сите веднаш мора да го напуштат тоа подрачје“, порача полицијата на „Твитер“ и ги повика сведоците да се јават.

Како што јавуваат американските медиуми, за пукањето е осомничен Афроамериканец, во доцните тинејџерски години.

Протестите против изборот на Трамп за нов американски претседател продолжуваат трета ноќ по ред во неколку американски градови.

На улиците на Мајами, Атланта, Филаделдија, Њујорк, Сан Франциско, Портланд и на Орегон излегоа илјадници демонстранти, кои изразија незадоволство поради конзервативната реторика на Трамп кон доселениците, муслиманите и кон жените за време на кампањата.

Трамп во четвртокот го осуди Американците кои протестираа против него, притоа обвинувајќи ги медиумите дека ги поттикнуваат протестите. Девет часа подоцна го смени ставот и ја пофали нивната страст кон САД и вети дека заеднички ќе ја обединат поделената земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...