fbpx

Пукање кај „Лувр“, паника во Париз

-

Француски војник отворил оган откако е нападнат со нож во центарот на Париз, кај познатиот музеј „Лувр“.

Светските агенции јавуваат дека војникот застрелал човек кој, наводно, се обидел да влезе во музејот носејќи торба.

Француските медиуми наведуваат дека напаѓачот е погоден во нога и оти дел од „Лувр“ и од трговскиот центар „Карусел“ се евакуирани и опколени од безбедносни сили, како и дека ситуацијата е безбедна.

Засега не е јасно дали до пукањето дошло во галерија или на некој влез во комплексот, затоа што локалните медиуми не објавуваат поопширни информации.

Полицијата ја истражува содржината на торбата, а министерството за внатрешни работи објави тревога и го оцени инцидентот како „сериозен случај на загрозување на јавната безбедност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...