fbpx

Првиот сериски произведен електричен автомобил, од денеска и кај нас

-

„Мицубиши i-MIEV“ е првиот сериски произведен електричен автомобил во светот, со првиот произведен модел во 2009 година, а од денеска „Мак аутостар“ го направи овој автомобил достапен и за македонските граѓани.

Станува збор за помало градско возило со иновативен и футуристички дизајн, кое благодарение на напредната технологија е забавно за возење и продуцира 0 проценти емисија на јагледод диоксид.

– На овој начин стануваме дел од глобалниот тренд за воведување нови, напредни возила, кои до пред некоја година се означуваа како футуристички, а денес се реалност – изјави директорот за маркетинг на „Мицубиши моторс – Мак аутостар“, Владица Кокаловиќ.

Меѓу првите кои имаа можност да го запознаат возилото беше и професорот од Машинскиот Факултет во Скопје, Игор Ѓурков.

– Возилото „мицубиши i-MiEV“ е одраз на рационалниот пристап во проектирањето на електричните возила: мала маса, голема просторност во кабината со одличен комфор за четири патници и повеќе од солидна автономија на движење. Доволни се само десетина километри возење за да стекнеме впечаток колку голем потенцијал за енергетска заштеда се крие во трансформацијата на кинетичката енергија со рекуперативно сопирање применето во ова возило. Со појавата на „i-MiEV“ на пазарот, со голема радост можеме да ѝ посакаме добредојде на иднината на чистиот и енергетски ефикасен индивидуален транспорт во градовите – изјави професорот Ѓурков.

Претходната година, „Мак аутостар“ во Македонија го претстави првиот електро-хибриден теренец во светот, „мицубиши аутлендер PHEV“, кој овозможува движење само на батерија или во комбинација со мотор со внатрешно согорување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...