fbpx

СИРИЗА на чекор до историска победа

-

СИРИЗА е сè поблиску до историска победа, прва за левичарска партија на грчки парламентарни избори. Партијата на Алексис Ципрас, според првите неофицијални резултати од изборни анкети на агенциите за мерење рејтинг, ќе освои од 36 до 38 отсто од гласовите, а Нова демократија од 26 до 28 отсто. На трето место, рамо до рамо, се Златна зора и Река, со проценка за поддршка од 6 до 7 проценти, зад нив е Комунистичката партија со 5-6 отсто, а ПАСОК е зад нив со поддршка од 4,2 до 5,2 отсто. Независни Грци веројатно е дека ќе влезат во парламентот со 3,5 до 4,5 отсто поддршка.

Според овие резултати, СИРИЗА има значително поголемо водство од предвидуваните 6-7 отсто во досегашните анкети. Резултатите покажуваат дека СИРИЗА би освоила од 148 до 154 пратенички места, Нова демократија од 70 до 78 , Златна Зора и Река од 17 до 22, ПАСОК од 12 до 15. Ако се земе предвид дека првата партија добива и 50 плус пратеници, претпоставките се дека доколку се покажат овие резултати како точни, можно е СИРИЗА и да успее сама да формира влада. Меѓутоа, точни процени дали СИРИЗА ќе формира влада сама или ќе мора да оди на коалициска влада, сè уште не може со сигурност да се кажат пред да се знаат официјалните резултати од гласачките места.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи ќе се знаат во 21.30 по локално време и се очекува да има пресврти околу прашањето за апсолутно мнозинство сè до раните утрински часови.

Ваквите бројки покажуваат голем пресврт на грчката политичка сцена. Силната историска победа на СИРИЗА е гласна порака на грчкиот народ за потребата за итна промена на власта и на политиката за штедење, како и знак на заситеност од начинот на кој двете традиционални партии, Нова демократија и ПАСОК, владеат со државата.

Доколку СИРИЗА има апсолутно мнозинство, тогаш во текот на утрешниот ден Алексис Ципрас ќе добие мандат да формира самостојна влада. Во случај да не се оствари сценариото со 39,5 отсто и СИРИЗА не успее да има апсолутно мнозинство, тогаш претседателот на државата, Каролос Папуљас, ќе го повика Алексис Ципрас за да му одреди мандат да се обиде за три дена да формира влада. Доколку Ципрас не успее, мандатот оди во раце на втората партија, односно кај Андонис Самарас, а доколку ни тој не успее, обидот оди кај третата партија. Доколку ниту еден од нив не успее да формира влада, тогаш се прави обид за формирање заедничка широка влада од сите политички партии во државата. Ако и овој обид нема успешен завршеток, се формира техничка влада предводена од претседателот на Врховниот суд и се распишуваат нови избори за еден месец од тој датум.

Доколку официјалните резултати покажат навистина катастрофален и опаднат рејтинг на Нова демократија, тогаш партијата ја очекуваат силни внатрешни турбуленции и потенцијални барања за промена на лидерот на партијата.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...