fbpx

Првични 98 милиони денари против загадувањето во буџетот за 2019

-

На денешната владина седница било утврдено дека борбата против аерозагадувањето станува стратешки приоритет на Владата и биле обезбедени првични 98 милиони денари во буџетот за 2019 година.

„Како првични средства за оваа намена во буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница. На денешната седница е донесена одлука за измени и дополнување на одлуката на Владата за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како една од одлуките на денешната седница, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за буџетот за 2019 година“, се вели во соопштението на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...