fbpx

„Изникна” и првата палма во Вевчани

-

Реакциите на граѓаните не стивнуваат, но се засилуваат и напорите на надлежните од првиот македонски туристички центар Охрид, да направат „град на палмите“.

Иако реакциите се главно негативни, по должината на градскиот кеј, бројните засади од палми на просторот му дадоа нов лик. Официјално, со осуда на акцијата, реагираше локалниот разгранок на ВМРО-НП во Охрид.

Акцијата продолжи и преку Студенчишки мост, на потегот кон „Инекс-Горица“. Првин пред Центарот за обука на вода на АРМ, а потоа и пред плажите „Куба либре“ и „Кадмо“.

Надлежните веќе одлучиле да засадат 200 т.н. влакнести палми само во Охрид и уште 1оо во Струга.

Првата палма била засадена и во Вевчани, речиси планинско подјабланичко село, што предизвика бројни зајадливи коментари.

Акцијата ја води Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...