!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Првата одбранбена линија на НАТО не може да издржи напад од Русија


       
Вашингтон, 4 септември, 2017 - 15:23 (META) 

Во случај да избие војна меѓу Русија и САД, американските интервентни сили во Европа не би го издржале нападот на руската војска, пишува белгискиот портал „Политико“.

Анализирајќи го извештајот на „Пентагон“, порталот наведува дека силите на САД се несоодветно организирани и опремени со застарена технологија. Ова се однесува на 173. водушно-десантската бригата, која е стационирана во Виченци, а според планот на НАТО, таа би требало на себе да ги прими првите удари на непријателот.

„Бригадата која се смета за бастион на НАТО, во изминатите 15 години постојано беше преместувана, па сега е недоволно оперативна за поинакви дејства. Пред притисокот на руската војска, бргу би пукнала што би довело до катастрофа“, наведува „Политико“.

Елитната бригада мина многу време во Ирак и во Авганистан, борејќи се со противници кои не располагаа со модерно вооружување и не можеле да дејствуваат од воздух. Сега оваа бригада нема соодветно ПВО-вооружување, располага со застарена техника за радио-електронска борба, ѝ недостигаат маскирни мрежи за потребите на транспортот и претерано се потпира на сателитската коминикација и навигациските системи за глобално позиционирање.