fbpx

Прванов: Горна или Северна Македонија се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија

-

Преговорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да бидат на сметка на Бугарија, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, во емисијата „Ова утро“ на „БТВ“.

Според Прванов, фактот што дијалогот за името меѓу Грција и Македонија е деблокиран е позитивен, но, додава, оти е загрижен бидејќи „почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои спротивни на бугарската позиција“.

– Да, ние ја признаваме Македонија под уставното име, пред се, но замислете ги варијантите како Горна Македонија или Северна Македонија, тоа се решенија кои се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија – вели Прванов.

Поранешниот бугарски претседател (од 2002 до 2012 година) смета дека не е сеедно за Софија и за нејзината дипломатија како ќе завршат преговорите, додавајќи дека во еден момент треба да постои и некаква усогласеност и со Бугарија

– Името Северна или Горна Макеоднија го вклучува и регионот на Пирин, Егејскиот регион не нè засега и не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија лебдат во просторот. Најмалку тоа мора да се дискутира меѓу владите на двете земји – вели Прванов.

Според него, деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е поради притисок од Западот, најверојатно од преку океанот, алудирајќи на Соединетите Американски Држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...