fbpx

Прва работна средба помеѓу Попоски и неговиот колега од Малта, Џорџ Вела

-

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Валета се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Џорџ Вела.

Ова претставува прва работна средба помеѓу министрите за надворешни работи, по неодамнешното воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Малта.

На средбата, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници разговарале за приоритетите на ЕУ, за интересот членството во ЕУ да се приближи до граѓаните на Македонија и до другите земји од регионот, како и за предизвиците со мигрантите.

Биле разгледани и можностите за продлабочување на билатералните односи и ангажманот на Малта, како земја претседавач со ЕУ, да овозможи поскорешно почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, со оглед на позитивниот став во однос на процесот на проширување на ЕУ.

„Искуствено, се чини дека една јасна европска перспектива ќе помогне многу повеќе, отколку илјада други обиди за помош однадвор во политичката криза“, изјавил Попоски.

Од МНР соопштуваат дека било договорено интензивирање на билатералните контакти и средби, како и зајакнување на соработката во претстојниот период, како и меѓусебна поддршка на мултилатерално ниво.

„Дополнителен импулс во таа насока, се очекува да даде и поставувањето нерезидентни амбасадори на двете земји, кои ќе покриваат од Рим“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...