fbpx

Прв ноемвриски снег во Токио по 54 години

-

Во јапонската престолнина Токио утринава, по 54 години, првпат падна снег во ноември.

Снегот предизвикал метеж во сообраќајот во предградијата на градот, но во самиот центар снежната покривка достигнала дебелина од само два сантиметри.

Метеоролошката станица на Јапонија потсети дека ова е прв „ноемвриски снег“ од 1962 година. Минатата година снег падна дури во јануари.

Светските медиуми потсетуваат дека минатата недела во Токио било прилично топло, односно дека била измерена температура дури од 18 Целзиусови степени. Сепак, температурата за само еден ден опадна на 4 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...