fbpx

Претходната власт плаќала три пати поскапо за авионски карти, хотели и ресторани

-

Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавните фунцкии, која владата ја промовираше вчера, покажува дека најголеми разлики во трошењето помеѓу сегашната и минатата власт има во авионските карти, хотелското сместување, но и кај трошењето во ресторани во странство.

За шестмесечен период, министерствата предводени од минатата власт за овие ставки потрошила двојно, а некаде и тројно повеќе народни пари за овие услуги.

Периодот кој што се анализира со оваа алатка е од 1 јуни до 1 декември 2014 година од владеењето на претходната власт и од 1 јуни до 1 декември 2017 година за време на владеењето на оваа власт, односно првите шест месеци од стапувањето на функции по прземање на власта.

Анализирањето на трошења по министерства, покажува дека министерството за финансии предводено од Зоран Ставрески потрошило 2.619.357 денари, а со Драган Тевдовски 583.170 денари.

Најголема разлика во трошењата има кај авионските карти, при што, Ставрески потрошил 947.579 денари, наспроти 144.514 денари потрошени од Тевдовски. Голема разлика има и кај хотелското сместување, 834.802 денари наспроти 206.283 денари. Евидентна е разликата и кај угостителски услуги во странство 345.243 денари, наспроти 32.748 денари.

MinFin

За угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, биле потрошени 171.469 наспроти 47.242 денари.

Разлики во трошењето има и во министерството за транспорт и врски, па така, кабинетот на Миле Јанакиески за авионски карти потрошил 615.774 денари, а за кабиентот на Горан Сугарески нема таков трошок.

За угостителски услуги во земјата, Јанакиески потрошил 286.661 денари наспроти 31.265 денари потрошени од Сугарески. Хотелското сместување во странство, Јанакиески го чинело 301.727 денари наспроти 16.700 денари потрошени од Сугарески.

Трошоците за мобилен телефон на кабиентот на Јанакиески се 419.132 денари, а на Сугарески 14.998 денари.

Кај Министерство за здравство, интересен е податокот што Никола Тодоров не потрошил ниту денар за авионски карти, но затоа за угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти потрошил 816.607 денари, наспроти 276.982 денари, потрошени од Таравари.

MinODB

Министерството за одбрана за време на Зоран Јолевски потрошило 1.020.347 денари, а за време на Радмила Шекеринска 447.044 денари. Најголеми разлики во трошењето има кај авионските карти 636.533 денари за време на Јолевски, наспроти 225.872 денари за време на Шекеринска.

Речиси четири пати е поголема сумата потрошена на угостителски услуги преку мензи, ресорани и бифеа во рамките на институциите за време на Јолевски (800.277), наспроти 197.393 денари за време на Шеќеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...