fbpx

Протурски бунтовници нападнале американски сили во Сирија

-

Сириските бунтовници, група која е поддржана од Турција, пукала на американски војници на северот на Сирија, јавува „Си-ен-ен“. Американците возвратиле на огнот, но во престрелката нема повредени. Вашингтон протестирал во Анкара поради настанот.

Како што наведува американската телевизија, Пентагон верува дека напаѓачите се припадници на единицата која ја сочинуваат Туркмени и Арапи, кои во претходниот период одиграле клучна улога во чистењето на единиците на Исламска држава од турско-сириската граница.

Освен со Исламска држава, оваа група во минатото имала судири и со бунтовничките групи што се поддржани од САД, но и со Курдите.

САД веднаш соопштија дека турските војници на ниту еден начин не биле вклучени во овој напад, но оти на властите во Анкара им е испратен демарш.

Нападот временски се совпаѓа со посетата на шефот на Пентагон, Џим Матис, на Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...