fbpx

Протоколот за членство во НАТО пред комисија во грчкиот Парламент

-

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Известувачи за нацрт законот се пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за цивилна заштита, Никос Тоскас и пратеникот од Нова демократија, одговорен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос.

Се очекува комисијата да одржи една седница, а утре законот да биде донесен на пленарна расправа во грчкиот Парламент, што ќе заврши со гласање од пратениците.

Нацрт законот вчера бил доставен во грчкиот Парламент, потпишан од алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, од министерот за одбрана, Евангелос Апостолакис и од министерот за финансии, Евклисдис Цакалотос, а содржи три членови.

Во првите два члена се објаснети следните чекори по ратификацијата на Протоколот, а третиот се однесува на тоа дека Протоколот ќе биде доставен до архивата на американската администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...