fbpx

Протестот „Македонија е грчка“ наместо во Атина ќе се одржи во Пиреја

-

Протестот под мотото „Македонија е грчка“ против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот за името што требаше да се одржи во Атина на 4 февруари ќе се одржи во Пиреја, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според официјалното соопштение, организаторите кои стојат зад протестот во неделата во Солун, не сакале да предизвикаат сообраќаен хаос во центарот на Атина доколку протестот се одржи на плоштадот Синтагма.

Сепак, според информациите на „Катимерини“, местото на одржување на протестот е сменето од безбедносни причини, бидејќи организаторите стравувале од судири меѓу демонстрантите, од кои многу наводно припаѓаат на националистичкиот камп и самонаречените анархисти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...