fbpx

Протестен марш на „Беса“: Oставки на Груевски и на Ахмети и нов договор за државата

-

Со говори на активисти, политичари, лица од невладини организации, на бина поставена на почетокот на мостот Гоце Делчев, во близина на Владата, заврши денешниот мирен протестен марш на политичкото здружение „Беса“.

На протестот, демонстрантите упатија три барања: „оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор за државата“.

– Станува збор за албански протест од проста причина што ние првенствено зборуваме за неколку мотиви. Едниот е хуман, човечки, национален мотив, а имаме и политички мотив. Човечкиот мотив е да се расветлат сите политички монтирани случаи, почнувајќи од „Сопот“, па преку „Бродец“, „Монструм“, какои и случајот со Харун Алиу, односно ликвидирањето на неколку челници на УЧК. Од постоењето на самата држава, Албанците се крајно диксриминирани и тие работи треба еднаш засекогаш да се променат. Албанците имаат свои политички претставници, имаат луѓе кои ќе ги водат во сите политички битки за да дојдеме до една голема вистина, а таа е дека треба да ја редефинираме оваа држава со заедничка платформа во којашто Албанците и Македонците ќе бидат рамноправни во апсолутно сите институционални сегменти – вели Скендер Реџепи, еден од иницијаторите на движењето „Беса“ во изјава за „24 Вести“.

Свое обраќање пред насобраните демонстранти имаше и поранешниот пратеник и потпретседател на Собранието, Хисни Шакири, кој рече дека излегле на протест за „да го вратат достоинството на Албанците во Македонија“.

– На оваа влада на Груевски и на Ахмети да ѝ порачаме дека Албанците немаат намера да отстапат. Јас имав верба во моите луѓе во 2001 година, а и денеска сум повторно овде со нив – рече Шакири.

На протестот говореше и претседателот на Партијата за демократски просперитет (ПДП), Неџат Беџети, кој, меѓу другото, зборуваше и за лошата економска и социјална состојба во државата.

– Али и Никола се вратија назад во времето и ја уништија државата, окупираат земја, затвораат невини Албанци – рече Беџети.

Протестот, на кој присуствува неколку стотини активсти, поддржувачи и граѓани, беше мирен, ненасилен и добро организиран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...