fbpx

Протест во Приштина, се бара ослободување на осудените во „Диво Насеље“

-

Неколку стотици лица денеска протестираа во центарот на Приштина во знак на поддршка на 19 Косовци кои се осудени во Македонија како дел од кумановската група во случајот „Диво Насеље“.
Протестот го организираа семејствата на осудените Косовци, а беше поддржан од ветераните на ОВК и од други слични организации.

Од протестот беше испратен апел за нов судски процес, Македонија итно да ги ослободи косовските Албанци, а Приштина и Тирана да помогнат во тоа.

Мухамед Биљали, еден од организаторите, рече дека припадниците на кумановската група се „борци за слобода, без разлика како ги нарекува дневната политика“.

Протестот се одржа на Денот на албанското знаме.

Кривичниот суд во Скопје, на 2 ноември пресуди дека 33 од вкупно 37 обвинети се виновни за тероризам и за учество во терористичка организација во кумановската населба Диво Насеље, додека четворица беа ослободени од обвинението.

Седум од обвинетите се осудени на доживотен затвор, други 13 добија по 40 години затвор, а другите добија затворски казни во траење од 12 до 20 години.

Косовската влада претходно издвои 219.000 евра помош за семејствата на косовските државјани што беа убиени и казнети во случајот „Диво Насеље“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...