fbpx

Протест пред тетовската подружница на „Македонски шуми“

-

Поради дива сеча на шума во атарот на шарпланинското село Раковец, Општина Боговиње, денеска на протест пред тетовската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ излегоа жителите од Раковец. Од надлежните побараа поголема контрола и заштита на шумата, која, како што велат, масовно се краде.

– Бараме да се спречи масовната кражба на дрва, да се запре со системот на чиста сеча на шума, но и да се пронајдат сторителите, односно дрвокрадците – изјави Рамадан Џелили, претседател на месната заедница од Раковец.

Според учесниците на протестот, со масовната сеча на шума се зголемува ризикот од појава на ерозија на земјата во нивното подрачје.

– Со дивата сеча, ние сега немаме дрвја, немаме никаква заштита ако надојде земјата, во случај на големи врнежи нема што да ја допре, ќе ни се случи истото што се случи со поплавите и со свлечиштата на земјата во Шипковица и во Речица, каде, за жал, имаше и жртви – изјави еден од учесниците на протестот.

Од тетовската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, изјавија дека во атарот на село Раковец никој бесправно не врши сеча на шума. Се сечат дрвјата со дозвола од страна на жителите од ова населено место, но и од лица кои порано живееле во Раковец и според законот имаат право на сеча на шума.

Жителите од Раковец најавија порадикални чекори доколку од „Македонски шуми“ не бидат земени предвид нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...