fbpx

Протест пред Собрание за зголемување на буџетот за превенција на ХИВ

-

Денеска пред Собранието ќе се одржи протест на неколку невладини организации, кои ќе бараат да се зголеми буџетот за превенција и за лекување на ХИВ.

Како што најавуваат невладините и граѓанските организации, протестот ќе се одржи затоа што во буџетот за 2017 година, глобалниот фонд за ХИВ/сида, туберкулоза и маларија се повлекува.

„Владата на РМ со меѓународни договори е обврзана да ги преземе сите обврски во однос на превенцијата на ХИВ. Но, наместо договореното зголемување, буџетот за 2017 година се намали како никогаш досега. Од потребните 65 милиони денари, планирани се само 27 милиони денари. Односно, 59 отсто помалку од неопходното! Со буџетот од 2017 година, 15.000 припадници на групи под најголем ризик од ХИВ и нивните семејства ќе останат без бесплатните средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ!“, пишува во настанот креиран на „Фејсбук“.

Од организациите велат дека ако престане финансирањето на превентивните програми за клучните групи под најголем ризик, се очекува до 2030 година стапка на ХИВ да се зголеми за 9 отсто, бројот на нови инфекции да порасне за 19 отсто, додека бројот на смртни случаи за 5 отсто. А ако се обезбеди и ако се оптимизира вкупниот буџет за ХИВ на нивото од последните неколку години, бројот на нови инфекции и на смртни случаи до 2030 година ќе биде помал за дури 85 отсто.

„Да не дозволиме да бидеме под ризик! В четврток сите во 11 часот пред Собрание на РМ“, повикуваат организациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...