fbpx

„Протагон“: Нестабилноста може да доведе до притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО

-

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пишуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. Грчкиот информативен портал „Протагон“ коментира дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името, но и за да се запазат економските интереси и соработка кои Грција ги има со македонските бизнис-партнери.

Според „Протагон“, дестабилизацијата на Македонија може да доведе до нови притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО.

„Јасно е дека Атина сака БЈРМ да биде стабилна. Тоа е единствениот начин во некој момент да се реши спорот за името, кое претставува најважниот отворен спор за Грција на Балканот. Нестабилноста може да ги донесе во прв план барањата и притисоците за прием на БЈРМ во НАТО, како начин да се осигура мирот, а тоа ќе предизвика главоболка во Атина со нерешен спор за името“, се вели во анализата.

Според „Протагон“, Грција е загрижена за ситуацијата и поради економските интереси и соработка, како и за спроведувањето на мерките за градење доверба. Во анализата се посочува дека грчката влада треба многу добро да ги пресмета последиците од можен граѓански конфликт во Македонија и како тоа би влијаело на засилување на албанскиот фактор во регионот, уште една тема за која постои загриженост од грчка страна во овој период.

Грција уште вечерта по крвавите инциденти во македонското собрание испрати апел за смирување на ситуацијата и се понуди, доколку биде побарано од неа, да помогне за намалување на тензијата.

Грчкиот неделник „Реал“ пишува дека премиерот Алексис Ципрас за случувањата во Македонија и на Балканот викендов разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, за време на Самитот на Европската Унија посветен на излегувањето на Велика Британија од Унијата. Според неделникот, двајцата соговорници, наводно, се согласиле Грција да преземе иницијативи за стабилизација на регионот.

Од кабинетот на премиерот Ципрас соопштија дека тој за време на состаноците на самитот изразил голема загриженост за ситуацијата во Македонија и посочил дека Грција останува главен столб на стабилност во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...