fbpx

Просечната цена на становите за пет години опаднала за повеќе од 11 проценти

-

Просечната цена на становите за пет години се намалила за овеќе од 11 проценти, се вели во најновата публикација на Државниот завод за статистика, насловена  „Градежништвото во Република Македонија 2010-2014“.

Ако во 2010 година просечната продажна цена на становите изнесувала 52.125 денари за еден квадратен метар, лани таа на национално ниво била 46.505 денари.

Забележани се негативни статистички резултати во бројот на завршени станови во изминативе години кои покажуваат дека во 2014 година била комплетирана изградбата на 5.356 станбени единици, или за 18 проценти помалку во споредба со претходната година.

Скопје и регионот и понатаму се најпривлечни за инвеститорите во станбени објекти, кои одлучуваат да градат најмногу двособни и трисобни станови во колективни згради.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...