fbpx

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.187 денари, а бруто-платата – 32.637 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во јуни била поголема за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Во јуни годинава, 1,6 отсто од вработените не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...