Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари


       
Скопје, 21 септември, 2016 - 12:00 (META) 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во јули изнесува 32.837 денари.

Во јули, 1,6 проценти од вработените не примиле плата.