fbpx

Проруските сили во Украина се согласиле за повлекување на тешкото оружје

-

Проруските сили од истокот на Украина се согласиле да го повлечат тешкото вооружување од првата линија на фронтот, изјавил денеска рускиот генерал Александар Лентсов, член на украинско-рускиот Заеднички центар за контрола и за соработка, задолжен за примената на прекинот на огнот на истокот на Украина.

Лентсов навел дека претставниците на проруските сили ја потпишале наредбата повлекувањето на тешкото оружје да биде завршено во рок од две недели, почнувајќи од денеска, пренесува „Би-Би-Си“.

Како што рекол рускиот генерал, наредбата за повлекување на оружјето ја потпишале лидерите на самопрогласените републики Луганск и Донецк, додавајќи дека се надеваат оти и официјален Киев ќе се приклучи на оваа мерка.

„Го одредивме 22 февруари за клучен ден и од денеска во наредните 14 дена ќе биде реализирана одредбата од мировниот договор за повлекување на тешкото вооружување“, рекол Лентсов.

Украинските претставници и проруските сили синоќа размениле вкупно 191 заробеник, што беше клучен дел од минатонеделниот мировен договор од Минск. Биле разменети 139 укрански војници за 52 проруски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...